Петок, 16 февруари 2018 година
Отворен парламент
Ве информираме дека на 23 февруари 2018 година (петок), Собранието на Република Македонија ќе бидe отворенo за посета од страна на граѓаните.
Тоа претставува можност посетителите да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговор на нивните прашања.
За потсетување, Собранието на Република Македонија е отворено за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02/3182-227 или на е-маил s.stamenkovska@sobranie.mk, најдоцна пет работни дена пред посетaта.