Соопштенија

Петок, 18 јануари 2019 година           

Панел дискусија на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност, во соработка со Министерството за одбрана и амбасадата на Република Словенија во Република Македонија организираат панел дискусија која ќе се одржи на 21 јануари 2019 година од 14:30 до 15:02 часот.

Овој настан е во рамките на официјалната посета на Република Македонија на министерот за одбрана на Република Словенија,  Карл Ерјавец.

Дискусијата ќе се фокусира на улогата на НАТО за нашата земја, придобивките што ги обезбедува членството во НАТО како и укажување на словенечкото искуство, предизвиците и придобивките од нивното пристапувањето во НАТО.Со овој настан ќе се одбележи и преземањето на улогата на Република Словенија со која тие стануваат НАТО контакт Амбасада за Република Македонија.

Панел дискусијата ќе се одржи во Собранието на Република Македонија, сала „Борис Трајковски“.

Настанот е отворен за медиуми.

Click