Соопштенија

Понеделник, 4 февруари 2019 година

Парламентарна делегација во студиска посета на Штабот на НАТО и Врховните штабни здружени сили за Европа 

На покана на Секретаријатот на Патламентарното собрание на НАТО, на 4 и 5 февруари 2019 година, во Брисел, Кралството Белгија, Делегација од Собранието на Република Македонија ќе оствари студиска посета на Штабот на НАТО и Врховните штабни здружени сили (SHAPE).

Студиската посета е наменета за членовите на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на НАТО и членовите на Комисијата за одбрана и безбедност и на Комисијата за надворешна политика. Во посетата ќе учествуваат пратениците: Илија Димовски, шеф на Делегацијата на ПС на НАТО; Катерина Кузмановска и Весел Мемеди, членови на Делегацијата; Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност; Илија Николовски, заменик-претседател, Емил Димитриев и Џеват Адеми, членови; како и Ане Лашкоска, Шпреса Хадри, Емилија Александрова и Африм Гаши, членови на Комисијата за надворешна политика.  

Суштината на програмата е насочена кон обезбедување на детален увид во процесите и политиките на НАТО и SHAPE, вклучувајќи ги и односите што Алијансата ги развива со нејзините партнери. Предвидени се повеќе работни состаноци во седиштето на НАТО и во SHAPE, на кои ќе се разменат мислења по прашањата сврзани со НАТО и Западен Балкан, односите НАТО - Русија, борбата против хибридните војни и растечката отпорност. Предвидена е и Тркалезна маса на која пратениците ќе имаат можност да дискутираат со амбасадорите-постојани претставници во НАТО од Словенија, Хрватска и Естонија за „Националните перспективи за НАТО и соработката со Западен Балкан“.   

Click