Соопштенија

Вторник, 18 септември 2018 година

Петнаесетти состанок на МПК - РМ и ЕУ

Петнаесеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија - Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација ќе се одржи во Собранието на Република Македонија на 19 и 20 септември 2018 година.

Во рамките на состанокот, пратениците членови на Мешовитиот комитет од Собранието на Република Македонија и пратениците членови на ова тело од Европскиот парламент ќе разменат мислења за односите меѓу Европската Унија и Република Македонија со амбасадорот Самуел Жбогар; со Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, како и со Андреј Жерновски, заменик на министерот за надворешни работи на Република Македонија.

На состанокот ќе се дебатира за резултатите од Планот 3-6-9 и новиот реформски План 18, за прашања од владеењето на правото со акцент на изборните реформи, реформите во судството, во системот за разузнавање, борбата против корупцијата и организираниот криминал, работата на СЈО, состојбата во медиумите, добрососедските односи и регионалната соработка. Извештај за Дијалогот Жан Моне ќе презентираат европратениците кои се директно вклучени во процесот. На крајот на состанокот ќе бидат усвоени заеднички препораки. 

Click