Петок, 10 ноември 2017 година
Положување свежо цвеќе
По повод одбележување на Примирјето од 1918 година и сеќавање во спомен на загинатите, повредените, исчезнатите и раселените лица од сите војни и од сите народи, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Васко Ковачевски, пратеник, г. Хари Локвенец, пратеник и и г-ѓа Бети Рабаџиевска-Наумовска, пратеничка, на 11 ноември (сабота) ќе положи венци свежо цвеќе во:
- 12.00 часот на Француските воени гробишта - Битола,
- 14.00 часот на Германските воени гробишта - Прилеп,
- 14.30 часот на Бугарскиот споменик - Прилеп,
- 14.35 часот на Рускиот споменик - Прилеп.