Петок, 7 септември 2018 година
Положување венци свежо цвеќе
По повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија, утре делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа:
- Собраниска делегација во состав: Никица Корубин и Диме Велковски, ќе положи венци свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на Република Македонија, Киро Глигоров и Борис Трајковски, на гробиштата Бутел, во 09:45 часот;
- Собраниска делегација во состав: Ирена Стефоска и Невенка Стаменковска, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот „Ослободители на Скопје“, во 10:15 часот.