Соопштенија

Петок, 28 јуни 2019 година

Потпретседателката Ременски и генералната секретарка Иванова на Меѓународен форум во Москва

Потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Фросина Ташевска Ременски и генералната секретарка Цветанка Иванова ќе учествуваат на Вториот меѓународен форум „Развој на парламетаризмот“, што ќе се одржи од 1 до 3 јули 2019 година во Москва, во организација на Државната дума на Федералното собрание на Руската Федерација. 

Главна цел на Форумот, на кој покрај претседатели на парламенти и пратеници, ќе учествуваат и експерти и претставници на граѓанското општество, е изнаоѓање на ефикасни законодавни решенија и одговори на глобалните предизвици.

Во рамките на Форумот ќе бидат разгледани актуелни прашања за меѓународната безбедност и стабилност, законодавната поддршка за развој на дигиталната економија, борбата против лажните вести, политиката за заштита на животната средина, улогата на младите во развојот на парламентаризмот, перспективите на меѓупарламентарните инситуции, улогата на пратениците во меѓународното хуманитарно право и хуманитарната соработка, можностите за споделување на најдобрите практики од националните законодавства и други приоритетни области од меѓупарламентарната соработка.

Click