Соопштенија

Петок, 9 јуни 2017 година

Пратеникот Адеми на пленарна сесија на Парламентарното собрание во Загреб

На Четвртата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), што ќе се одржи од 8 до 10 јуни година во Загреб, Република Хрватска, ќе учествува г. Џеват Адеми, пратеник во Собранието на Република Македонија. На сесијата, што се одржува во рамките на Хрватското парламентарно претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, ќе учествуваат пратеници од 13 земји учеснички во Процесот, како и од меѓународните парламетарни собранија – партнери на ПС на ПСЈИЕ.

Главна тема за дискусија на пленарното заседание е: „Поврзаност-соработка-комуникација: патот напред“. Во рамките на сесијата ќе се одржат седници на трите комиисии и на Постојаниот комитет на ПС на ПСЈИЕ.

Се очекува, на крајот на сесијата, членовите на Парламентарното собрание да усвојат Финална декларација, како и извештаите и резолуциите на трите комисии на ПС на ПСЈИЕ.

Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, во кое членуваат парламентите на земјите на Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора своите цели и задачи ги базира на принципите на регионална сопственост и европска интеграција. Парламентарното собрание игра значајна улога во промовирањето на парламентарното учество и олеснувањето на интерпарламентарниот дијалог и соработка во регионот, како и во поттикнувањето на процесот на интеграција во Европската унија. 

Click