Соопштенија

Среда, 29 мај 2019 година

Пратеникот Артан Груби на Регионална конференција за пристапување на Западен Балкан во ЕУ

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби, ќе учествува како говорник на Регионалната конференција на тема: „Пристапување на Западен Балкан во Европската Унија - примена на политички критериуми" од страна на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), поддржана од Парламентот на Република Црна Гора и Амбасадата на Кралството Норвешка во Република Србија од 29 до 31 мај 2019 година, во Подгорица, Црна Гора.

На претстојната Регионална конференција ќе учествуваат министри и претставници од Парламентите на земјите од Западен Балкан, Европската Унија, претставници oд невладиниот сектор, професори, експерти, сѐ со цел да ги споделат регионалните искуства и видувања за идните предизвици и перспективи на Европската Унија за земјите од Западен Балкан во процесот на проширување, и други актуелни теми.



Click