Соопштенија

Петок, 17 јануари 2020 година

Пратеникот Ејуп Алими на КОСАК во Загреб

Во рамките на Хрватското претседавање со Советот на Европската Унија, членот на  Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, Ејуп Алими, на 19 и 20 јануари 2020 година, ќе учествува на Конференција на Комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки - КОСАК, што ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска.

На Конференцијата, меѓу другото, ќе се расправа за шестмесечната програма на ова претседателство, како и за хрватските приоритети за време на претседавањето со ЕУ, за што свое воведно излагање ќе има и премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Click