Четврток, 1 март 2018 година
Презентација на стандардизирана форма на годишни извештаи на независните институции во насока на унапредување на надзорната функција на Собранието
Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, на 2 март 2018 година (петок) во 12 часот во Собранието на Република Македонија - Сала „Борис Трајковски“, ќе ја презентира новата усогласена форма според која институциите и независните органи ќе ги доставуваат годишните извештаи до Собранието на Република Македонија.
Процесот на подготовка на усогласената форма на извештаите, кој ќе овозможи зајакнување на надзорната улога на Собранието но и поефикасна соработка, беше поддржан и од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со активно учество на сите институции и независни органи, коишто се обврзани да доставуваат годишни извештаи до Собранието на Република Македонија, а кои се во надлежност на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На презентацијата ќе се обратат: г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, г. Александар Кирацовски, претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Технички осврт на процесот ќе дадат: г. Хари Локвенец, заменик-претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Нинослав Васиљевиќ, раководител на Отсек за демократско владеење и социјална кохезија, Мисија на ОБСЕ во Скопје, претставници на институциите.