Соопштенија

Среда, 30 јануари 2019 година

Работна средба со членовите на Комисијата за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Согласно членот 12 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Македонија“ број 12/2019), Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 29.1.2019 година ја формираше Комисијата за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во функција на започнување на постапката за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, е свикана работна средба со членовите на Комисијата за селекција на 31.1.2019 година (четврток) со почеток во 12:00 часот, во Сала 10 во Собранието на Република Македонија.