Соопштенија

Понеделник, 16 октомври 2017 година

Собраниска делегација на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија  

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Г. Талат Џафери, ќе учествува на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што ќе се одржи од 16 до 18 октомври 2017 година во Санкт Петербург, Руска Федерација.

Во придружба на претседателот, г. Џафери кој што е шеф на делегацијата, ќе бидат пратениците, г. Јован Митрески, г. Реџаиљ Исмаили, г-ѓа Јулијана Николова и г-ѓа Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието на Република Македонија.

Претседателот на Собранието на Република Македонија ќе има свое обраќање на сесија на Собранието на ИПУ. 

Пратениците ќе учествуваат во работата на комисиите на ИПУ кои ќе дискутираат за бројни прашања од нивната надлежност, меѓу кои: одржување на мирот како средство за постигнување на одржлив развој; вклучувањето на приватниот сектор во имплементацијата на Целите за одржлив развој на ООН, особено во полето на обновливите енергии; 20-годишнината од Универзалната декларација за демократија на ИПУ; постигнување на највисоки стандарди во здравството преку науката и истражувањето и сл.     

Се очекува на Собранието да биде избран нов претседател на Интерпарламентарната унија, кој ќе раководи со организацијата во наредните три години.

Click