Соопштенија

Сабота, 25 ноември 2017 година

Собраниска делегација на работилница во Братислава

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: Ане Лашковска и Ивана Туфегџиќ, од понеделник, 27 ноември 2017 година, ќе учествува на Работилница на тема: „Транспарентност и парламентарна соработка со граѓанското општество", во Братислава, Република Словачка.

Оваа работилница е во организација на Националниот демократски институт за меѓународни односи (НДИ) и Националниот совет на Словачката Република, и е во функција на создавање на отворен и транспарентен парламент, со цел подобар законодавен процес.

На работилницата, пратеничките ќе разменат искуства со своите колеги од регионот, со колегите од парламентот на Република Словачка, како и со бројни претставници од различни институции на Европската унија и претставници на меѓународни граѓански организации.

Click