Соопштенија

Петок, 5 јули 2019 година

Собраниска делегација во официјална посета на Комисијата за човекови права, родова рамноправност, исчезнати лица и петиции на Косовското собрание

Делегација од  Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Северна Македонијa, во состав: Фадил Зендели, Сашко Атанасов, Мирсада Емини-Асани, Трајчо Димков, Панчо Минов, Ирена Стефоска, Слаѓана Митовска и Зеќир Рамчиловиќ, претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, на 8 јули 2019 година ќе оствари официјална посета на Комисијата за човекови права, родова рамноправност, исчезнати лица и петиции на Собранието на Република Косово.

Оваа посета е на иницијатива на Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Фадил Зендели, по остварената средба со Комисијата на Собранието на Република Косово, одржана на 29 јуни 2018 година во Скопје, а во насока на продлабочување на соработката на двете сродни комисии.

Целта на средбата е презентирање на најдобрите парламентарни пракси за работа на ова поле, како и презентирање на практики за подигнување на свеста за почитување на човековите права и слободи.

Покрај средбата со членовите на Комисијата за човекови права, родова рамноправност, исчезнати лица и петиции, во рамките на агендата, предвидена е и средба со претседателот на Собранието на Република Косово, Кадри Весели.

Click