Соопштенија

Петок, 1 ноември 2019 година

Студиска посета на тема: „Вклучување на граѓаните во градење на безбедно е-Општество“ 

Во рамки на програмата на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Партнерството за демократија на американскиот конгрес (House Democracy Partnership), и естонската е-Управување академија  (Estonian E-Governance Academy), во Талин, Естонија од 2 до 8 ноември 2019 година, Собраниска делегација ќе учествува на студиска посета на тема: „Вклучување на граѓаните во градење на безбедно е-Општество“.

На студиската посета ќе учествуваат пратениците: Зоран Илиоски, Татјана Прентовиќ, Ане Лашкоска, Агим Шаќири и Тања Ковачев.
Студиската посета ќе ја спроведува Центарот за глобално влијание на ИРИ, а ќе вклучува и пратеници од Ерменија, Грузија и Украина. Естонија долги години е лидер во е-Управување, при што 99% од владините услуги се достапни онлајн, а поседува еден од најсофистицираните сајбербезбедносни системи во светот. Дополнително, Естонија има развиено претприемачка бизнис клима која има создадено софистицирана ИКТ средина, која резултира со компаниии како Скајп.

За време на студиската посета Делегацијата ќе оствари средби со претставници на естонската извршна и законодавна власт, интерактивни работилници во сферата на сајбербезбедност, запознавање со онлајн владини ресурси и комуникација меѓу граѓаните и нивната Влада. Покрај естонските примери, кадри од Конгресот на САД исто така ќе одржат работилници на кои ќе споделат искуства на е- Управување и комуникација со граѓани во САД.

Студиската посета е финансирана од Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).

Click