Соопштенија

Четврток, 18 јануари 2018 година

Студиска посета во Брисел

Во рамките на Програмата за поддршка на парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, на 22 и 23 јануари 2018 година во Брисел, Кралството Белгија, ќе се реализира студиска посета за новоизбрани пратеници од Собранието на Република Македонија.

На студиската посета ќе учествува делегација од Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Теута Биљали, г. Ејуп Аљими, г. Aгим Шаќири, г. Петар Атанасов и г-ѓа Јулиана Николова,  пратеници во Собранието на Република Македонија.

Учесниците во студиската посета ќе остварат билатерални средби со  потпретседатели на Европскиот парламент, претседатели и членови на различни комисиии, претседателите на делегациите на Европскиот парламент со парламентите на земјите со кандидатски статус, европратеници, високи претставници од Европската комисија, претставници од Советот на Европската Унија и други.

Учесниците ќе присуствуваат и на седница на Комисијата за надворешна политика (АФЕТ) на која ќе се обрати министерката за надворешни работи од Република Бугарија, г-ѓа Екатерина Захариева, во контекст на претседавањето на Република Бугарија со Советот на Европската унија.

Целта на студиската посета е да се споделат искуствата на Република Македонија, Република Албанија и Република Косово во евроинтегративниот процес, како и визиите согласно стратегијата на Европската комисија и на Советот на ЕУ за целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија до 2025 година.

Click