Соопштенија

Вторник, 24 октомври 2017 година

Учество на 30. Регионално собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата

Од 24 до 26 октомври 2017 година во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе се одржи 30. Регионално собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), на која ќе учествуваат пратениците г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, прв потпретседател на Секцијата; г. Ферид Мухиќ, потпретседател; г-ѓа Никица Корубин и г-ѓа Татјана Прентовиќ, членови на Делегацијата на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата.

На оваа сесија на Регионалното собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата ќе учествуваат делегациите на  31 земја и региони, членки и наблудувачи на  ПСФ.

Централна тема на оваа сесија е „Подготвување на национална стратегија во полза на вработувањето, одржливиот раст и социјалната правда“. На учесниците со поздравни говори ќе им се обрати г. Жак Шањон, претседател на Парламентарното собрание на Франкофонијата; г. Жан-Пол Вал, шеф на Мисијата Европа; г-ѓа Борјана Кристо, претседател на Претставничкиот дом на Босна и Херцеговина; г. Огњен Тадиќ, претседател на Домот на народите на Босна и Херцеговина. На оваа сесија со свои настапи ќе учествуваат и бројни експерти од областа на вработувањето, пазарот на трудот, економскиот раст и борба против сиромаштијата. 

Членовите на македонската делегација ќе остварат и билатерални средби со нивните колеги од националните парламенти и ќе разменат мислења за прашања од заемен интерес.  




Click