Петок, 7 јули 2017 година
Учество на пратеничката Хадри на Конференција во Талин
Пратеничката Шпреса Хадри, од 9 до 11 јули 2017 година, ќе учествува на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на државите членки на ЕУ - КОСАК, која се одржува во рамките на естонското претседавање со ЕУ, во Талин.
На КОСАК-конференцијата ќе бидат презентирани Програмата и приоритетите на естонското претседавање со Советот на ЕУ, од страна на премиерот на Естонија г. Јури Ратас, а ќе се расправа и за други ЕУ актуелни прашања.