Вторник, 19 декември 2017 година
Учество на собраниска делегација на Парламентарен форум во Виена
Делегација на Собранието на Република Македонија во состав г. Горан Милевски, претседател на Комисијата за економски прашања и г. Хари Локвенец, член на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија учествува на состанок на тема: „Предизвици за безбедно енергетско снабдување во регионот на Енергетската заедница“ во организација на Енергетската заедница и на Парламентарниот форум за Југоисточна Европа на тема: „Енергетска ефикасност и клима“ во организација на Германското здружение за соработка кои ќе се одржат на 19 и 20 декември 2017 година во Виена, Австрија.
Покрај претставниците од Собранието на Република Македонија, на состаноците ќе учествуваат и претставници од парламентите на земјите членки на Енергетската заедница, претставници од Европскиот парламент и повеќе експерти.
На состаноците ќе бидат разгледани повеќе прашања од областа на енергетската политика и заштитата на животната средина меѓу кои презентација на Извештајот на Парламентарниот пленум за безбедност во енергетското снабдување и Програмата за работа на Енергетската заедница во 2018 година, енергетскиот патоказ на Европската унија до 2050 година, енергетската ефикасност, импликациите од Договорот од Париз за климатски промени и за технолошки решенија за користење на обновливи извори на енергија.