Hidden render

Петок, 29 март 2019 година                                                                   

Груби - Дуцинас: Заслужуваме датум во јуни 

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, имаше средба со  Костас Дузинас, професор по право и филозофија и директор на Биркбек институтот за хуманизам на Лондонскиот универзитет.

Груби изрази задоволство од посетата на уважениот гостин, кој е истакнат  просветен научник и издавач на повеќе научни труда од областа на  правото, но и  пратеник во Грчкото собрание од редовите на СИРИЗА. Притоа, информира за  позитивните процеси во нашата земја  по  усвојувањето на  уставните измени, со што се реализираа и одредбите од Преспанскиот договор. За актуелните случувања во земјата посочи дека се во рамките на милјето на претстојните  претседателски избори во  април и дека  државата одлучно чекори кон членство во ЕУ и НАТО, зад кое несомнено стојат сите политички партии. 

Поради тоа, истакна  Груби, за нас е особено важно соседна Грција да нѐ поддржи во пресрет на Букурешкиот самит во јуни, на кој очекуваме датум за почеток на преговори.

Дуцинас ја повтори грчката поддршка за нашите евроинтегративни процеси, со укажување дека покрај политичките критериуми, државата мора да испорача видливи резултати на полето на  владеењето на правото, како и во разузнавачкиот сектор, слободата на медиумите и реформата во јавната администрација. 

Како истакнат стручњак во областа на правото, професорот Дуцинас порача дека реформите во оваа област мора да се реализираат што поскоро, и покрај тоа што  има голем отпор од страна на носителите на функции во правосудниот сектор, со што се отежнува овој процес на реформи.

Click