Hidden render

Четврток, 6 јули 2017 година

Средба на пратеникот Груби со амбасадорот Ромео

Претседателот на парламентарната Комисија за европски прашања, г. Артан Груби, денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, г. Карло Ромео.

Во разговорот беа разменети мислења и ставови околу политичката ситуација во Македонија, процесот на усвојување на системските реформи, јазичната еднаквост, како и за интегративниот процес на Македонија во НАТО и ЕУ. Во таа насока г. Груби истакна дека јазичната еднаквост го заокружува Охридскиот договор и создава покохезивно општество.

Пратеникот Груби го запозна амбасадорот Ромео со претстојните активности на Комисијата за европски прашања, при што го информира за подготовката на парламентарна Декларација за забрзување на реформските и интегративните процеси на земјата во ЕУ,  како и за  седницата на Комисијата на  која  ќе се разгледува „Реформскиот План 3-6-9" на Владата на Република Македонија.

На средбата г. Груби ја побара поддршката од Италија за отстранување на условената препорака за започнување на преговорите за членство во Европската Унија. Во таа  насока стана збор и за развојот на билатералните односи помеѓу Италија и Македонија.

Click