Собраниско раководство

Петок, 21 август 2020 година

Џафери: Ќе бидам претседател на сите 120 пратеници

Почитувани пратеници,
Почитувани граѓани,
Дозволете да се заблагодарам за исклучително значајната и одговорна должност која ми ја доверувате, да бидам претседател на Собранието на Република Северна Македонија, претседател на законодавниот дом, домот на граѓаните, со што ми давате на знаење дека мојот досегашен придонес во градење на функционална институција и вистински отворен дом за Вас е валоризиран и почитуван, и тоа ми причинува особена чест и задоволство. Сакам да ве уверам дека и мојот иден ангажман на чело на законодавниот дом, ќе биде во иста насока, меѓутоа, збогатен со едно искуство повеќе, а секако, и во поинакви, поповолни услови за нашата земја, која денес е почитуван член на НАТО Сојузот, со усвоена преговарачка рамка со Европската Унија за постигнување на полноправно членство во европското семејство.

Ви благодарам,  
Со Ваша поддршка, ниту една цел не е недостижна,
Со почит!

 

 » Повеќе фотографии на flickr

Click