Собраниско раководство

Вторник, 1 септември 2020

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Фатос Река, амбасадор на Република Албанија 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска во неговиот кабинет го прими амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Фатос Река.

На средбата, амбасадорот Река на претседателот Џафери му ја пренесе официјалната честитка за реизборот на функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија од страна на Грамоз Ручи, претседател на Собранието на Република Албанија, како и од други високи функционери на соседната земја. Притоа, амбасадорот Река истакна дека, последните избори го потврдија значењето и демократскиот капацитет на граѓаните на Република Северна Македонија. Неговата Екселенција упати и покана до претседателот Џафери да ја посети Република Албанија.

Заблагодарувајќи му на честитките и поканата, претседателот Џафери истакна дека односите меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија се на високо ниво, со интензивен политички дијалог на разни нивоа и соработка во значителен број области од заемен интерес. Џафери понатаму рече дека, соработка ќе продолжи и во текот на овој мандат, со акцент на интензивирањето на меѓупарламентарните контакти на сите нивоа и дека наскоро се очекува да се формира Групата за соработка со Парламентот на Република Албанија, со што ќе се продолжи воспоставената блиска соработка со Групата за соработка во албанскиот парламент.




Click