Собраниско раководство

Петок, 4 септември 2020 година

Средба на претседателот Џафери со Н. Е. Мирослав Томан

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија  Талат Џафери, денеска во неговиот кабинет го прими амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Н.Е. Мирослав Томан.  

На средбата, претседателот Џафери изрази благодарност за континуираната поддршка што нашата земја ја добива од Република Чешка за евроатланските и европските интеграции. Тој исто така го информираше амбасадорот Томан за очекуваното ангажирање на новата Влада на Република Северна Македонија во однос на пандемијата и мерките за зачувување на здравјето на граѓаните, за економските мерки за поддршка на населението и подготовката на стратегијата за започнување на преговорите за членство со Европската Унија, како три главни приоритети на дејствување. 

Амбасадорот Томан му честиташе на претседателот Џафери за успешно спроведените парламентарни избори, за формирањето на институциите и за неговиот реизбор на функцијата претседател на законодавниот дом. Тој истакна дека и во иднина Вишеградската група ќе биде меѓу најгласните поддржувачи на аспирациите на земјите од Западен Балкан за добивање на членство во Европската Унија. Тој најави поинтензивна соработка во областа на одбраната, внатрешните работи како и економијата.  

На крај на средбата, беше оценето дека двете земји ќе продолжат со плодната соработка како и досега.



Click