Собраниско раководство

Среда, 21 јули 2021

Учество на претседателот Џафери на Дискусијата „Рефлексија 2030”

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, учествуваше на дискусијата за Стратегијата за надворешна политика на Република Северна Македонија „Рефлексија 2030”.

Дискусијата имаше за цел да се потенцира важноста и значењето на парламентарната димензија и клучната улога на Собранието во подготовката на Стратегијата. Поздравно обраќање имаше министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, кој ги презентираше трите столба врз кои со инклузија на сите политички, стручни и општествени фактори во државата ќе се гради надворешната политика во наредните 10 години, а тоа се: разговори со граѓаните, тематски конференции со учество на експерти и општествени и политички чинители и активноста на Стратешкиот совет.

Претседателот Џафери, во своето обраќање а и во натамошниот тек на дискусијата, го елаборираше значењето на парламентарната дипломатија како надополнување и збогатување на целокупната надворешна политика, стратешките приоритети на Собранието на меѓународен план и клучните сегменти на надворешната политика со проактивен ангажман на собраниските комисии, делегации и групи за соработка. Воедно, Претседателот даде осврт на придонесот што Собранието, како легитимен и кредибилен орган на претставничката демократија може да го даде во креирањето на издржана и сеопфатна надворешно - политичка стратегија на државата.

На дискусијата беа поканети и дадоа свој придонес и шефовите на собраниските делегации во меѓународните парламентарни собранија. 

Click