Соопштенија

Петок, 18 февруари 2022

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД СОБРАНИЕТО НА СОСТАНОЦИ НА ПС НА НАТО ВО БРИСЕЛ

Во рамките на редовните активности, Делегација од Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, ќе учествува на редовните состаноци на комитетите, кои секоја година традиционално се одржуваат во Брисел, Кралството Белгија. Оваа година, истите ќе се одржат од 21 до 23 февруари 2022 година.

На состаноците ќе учествуваат делегации од националните парламенти на земјите членки на НАТО. Од Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува целата делегација во состав: Арта Билали-Зендели, шеф и членовите Илија Николовски и Антонијо Милошоски.

На маргините на овие настани, ќе се одржи и Специјален состанок на Постојаниот комитет на ПС на НАТО. Исто така, предвидено е шефот на Делегацијата Арта Билали-Зендели да учествува на состанок на Североатлантскиот совет во седиштето на НАТО, на кој ќе се дискутира за актуелните прашања во фокусот на Алијансата.

Click