Соопштенија

Понеделник, 29 ноември 2021

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД СОБРАНИЕТО НА ТРАНСАТЛАНТСКИОТ ФОРУМ ВО ВАШИНГТОН

Во рамките на редовните активности, Делегација од Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на НАТО ќе учествува на Трансатлантскиот форум, кој секоја година традиционално се одржува од 29 ноември до 1 декември 2021 година во Вашингтон, Д.Ц., САД.

На состанокот учествуваат делегации од националните парламенти на земјите членки на НАТО, како и делегација од Финскиот парламент како набљудувачи. Од Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува целата делегација во состав: Арта Билали-Зендели, шеф и членовите Илија Николовски и Антонијо Милошоски.

Овој тип на настан, кој се одржува во затворен формат, овозможува размена на мислења со високи претставници на американските власти и истакнати експерти за клучните надворешно-политички приоритети на САД во контекст на целите и активностите на НАТО.

Click