Соопштенија

Понеделник, 14 февруари 2022

Работна посета на Комитетот за односи со заедниците на СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Скопје

Во рамките на реализацијата на активностите поврзани со Меѓународниот проект „Говор на омраза како валута на национализмот: институционалeн одговор во Северна Македонија“, а во контекст на образованието како суштинска алатка за зголемување на интеркултурното разбирање, Комитетот за односи меѓу заедниците ќе оствари работна посета на СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Скопје, на 16 февруари 2022 г. (среда), во 11:30 часот. 

Во СУГС Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ - Скопје, воспитно-образовниот процес и наставата се одвива на македонски јазик, а турските ученици се образуваат на својот мајчин турски јазик.

Работната посета е со цел зајакнување на успешноста на институциите и нивната професионалност во однос на решавање на проблемот со говорот на омраза.

Click