Соопштенија

Среда, 19 јануари 2022

Средба на Клубот на пратенички со јапонски студенти

Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието, на 21 јануари 2022 година (петок), со почеток од 09:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи средба со студенти од Универзитетското училиште за напредни меѓународни студии „Џон Хопкинс“ (The Johns Hopkins University School of Advanced International Studies - SAIS) од Јапонија.

Оваа средби е од големо значење за студентите, кои се вкупно 12 на број и нивниот професор Стивен Шнеебаум од Меѓународната клиника за човекови права, со цел да обезбедат практично искуство од областа на човековите права, а секоја година одбираат прашање и земја за истражување во период од два семестра, што резултира со сеопфатен извештај и заклучоци.

На иницијатива на магистрандот Јунг-Ју Чанг, годинава, во фокусот на овие студенти, се правните инструменти, домашните и меѓународните институции и законската рамка за трговијата со луѓе на Република Северна Македонија. Нивната цел е да спроведат интервјуа и состаноци, кои ќе ги искористат за нивното истражување.

На средбата ќе присуствуваат претседателката на Клубот на пратенички, Лолита Ристова и Претседателството; Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите; како и  Јасмина Димитриева од Советот на Европа, која накусо ќе информира за проектот за превенција и борба против трговијата со луѓе на ЕУ и Совет на Европа.

Теми на дискусијата ќе бидат:

  • Дали следниот Стратешки план ќе ја вклучи трговијата со луѓе како специфична тема?
  • Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција)
  • Како е дефиниран криминалот на трговијата со луѓе и како се решава ова прашање со примена на меѓународните и домашни инструменти и институции?
  • Што е обврзана Северна Македонија да направи за да ги спроведе релевантните меѓународни правни норми?
  • Кои закони, процедури и институции во Северна Македонија се имплементираат во согласност со меѓународните обврски во оваа област и како тие влијаат врз засегнатите лица? 
  • Дали луѓето кои се најдиректно погодени се задоволни од правната рамка и од дејството на законите и дали имаат и кога имаат пристап до правни лекови?
Click