Соопштенија

Вторник, 8 март 2022

Средба на Клубот на пратенички во Центарот за социјално претприемништво

По повод јубилејот од основањето на Клубот на пратенички на Собранието, на 9 март 2022 година, од 09:45 до 11:15 часот, во Центарот за социјално претприемништво во Скопје, пратеничките ќе одржат средба со претставнички на Центарот за социјални претпријатија и претставници и претставнички коишто водат социјални претпријатија.

Центарот е основан со цел имплементирање на Националната стратегија за социјални претпријатија.

Работната посета на Центарот за социјално претприемништво „Економско јакнење на жените во Националната стратегија за социјални претпријатија“ ќе се реализира во рамки на Програмата за парламентарна поддршка, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Оваа средба е од големо значење за промоција на економското јакнење на жените при имплементацијата на Националната стратегија за социјални претпријатија 2021 – 2027. Пратеничките ќе имаат можност да се запознаат со работата на Центарот за социјално претприемништво, но и иницијативите за социјално претприемништво каде што носители се припаднички и припадници на ранливи групи. Токму затоа на пратеничките им е потребно да бидат носители на позитивните промени во однос на економското јакнење на жените. 

Во фокусот на оваа средба се националните заложби за социјалните претпријатија коишто ги имплементира Центарот за социјално претприемништво основан во соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската Унија. Клубот на пратенички ќе има можност да присуствува и на презентации на иницијативите поддржани од страна на Центарот за социјално претприемништво, како и дискусија за понатамошна соработка со цел застапување на оваа национална стратегија.

Click