Соопштенија

Четврток, 3 март 2022

Учество на Арбер Адеми на Конференција на КОСАК во Париз 

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, ќе учествува на Конференцијата на Комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК, што ќе се одржи на 4-5 март во Париз, во рамките на Француското претседателство со ЕУ. 

На Конференцијата ќе стане збор за реализацијата на француските приоритети во изминатиот период од 1 јануари 2022 година, кога Франција го презеде ЕУ претседателството од Словенија, за што воведно излагање ќе даде францускиот премиер, Жан Кастекс. 

Исто така, како теми на Конференцијата се најавени: Европскиот план за обнова, климатските промени и преносот на енергијата, како и за претстојната Конференција за иднината на Европа.

Click