Неформални групи

Четврток, 9 декември 2021

„Не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!“

Собранието на Република Северна Македонија  во организација на Клубот на пратенички, а со поддршка на UnWomen се вклучи во одбележување на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

Семејството на Обединетите нации, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје традиционално ги здружуваат силите за 16 дена активизам против родово-базирано насилство, кампања за ставање крај на насилството врз жени и девојчиња.

„Не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!“ е годинешното мото со кое Северна Македонија се приклучува на глобалната кампања „Обој го светот во портокалово за крај на насилството врз жени и девојчиња, сега!“. Од 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жени и девојчиња па сѐ до 10 декември – Меѓународниот ден на човекови права.

Всушност со ратификацијата на Истанбулската конвенција во декември 2017 година, Собранието се обврза да превземе законодавни и други мерки заради обезбедување на правна, институционална и организациска рамка за превенција на насилството врз жените, заштита  на жртвите на насилство, како и казнување на сторителите на насилство. Со ратификувањето, Конвенцијата стана дел од правниот поредок, па се наметна потребата од усогласување на постоечката правна и институционална рамка со одредбите предвидени во овој документ, по што во јануари 2021 година следеше усвојување на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Во правец на успешна имлементација на Истанбулската конвенција во собраниска процедура е и измената на Кривичниот законик, во кој треба да се вградат стандардите кои се содржани во Конвенцијата.

Собранието на Република Северна Македонија останува посветено да работи на оваа тема и да ја следи имплементацијата и преку своите механизми да врши надзор врз севкупното законодавство и политики за радово базирано насилство, во согласност со принципите на Истанбулската конвенција.

Click