Неформални групи

Вторник, 5 февруари 2019 година

Работна средба на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија вчера одржа работна средба, на која покрај членовите на претседателството на Клубот на пратенички, беа поканети и сите пратенички на Собранието на Република Македонија, како и генералната секретарка на Собранието на Република Македонија, Цветанка Иванова. 

По воведното обраќање на претседателката на Клубот на пратенички, Ѓулумсер Касапи, на дневен ред по претходно прифатените забелешки и надополнувања,  стапи усвојување на документите кои се од исклучителна важност за понатамошната ефикасна и ефективна работа на Клубот:

  • Годишен извештај за работата на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија во периодот јануари - декември 2018 година.

- Овој извештај, покрај скратениот годишен извештај за работата на Клубот на пратенички кој влегува во финалниот Извештај за работата на Собранието на Република Македонија, беше изготвен  со цел да се овозможи сеопфатен увид во професионалната, независна, ефикасна, транспарентна, непристрасна, а пред сè одговорна работа на Клубот – вредности опфатени во стратешкиот план. Во Извештајот ќе бидат додадени и активностите на Клубот од почетокот на овој состав на пратенички.

  • Стратешки план на Клубот на пратенички на Собрание на Република Македонија за 2018 - 2020

- Овој стратешки план е подготвен врз основа на сите активности и настани на Клубот на пратенички организирани во соработка и поддршка од Македонското женско лоби, НДИ, UN Women и ОБСЕ, како и на прашалникот развиен и спроведен од страна на НДИ со членките на Клубот на пратенички.

  • Правилник за организација и делокруг на работа на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија 

- Овој правилник е дополнување и изменување на веќе постоечкиот правилник за работа на Клубот на пратенички.

Click