Вторник, 21 мај 2013 година
Дваесет и осма седница на Комисијата за економски прашања
Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Дваесет и осма седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика;
- Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за надзор на пазарот.
Претседателот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стечај и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за надзор на пазарот.
Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за eнергетика, беа поднесени три амандмани од овластени предлагачи, од кои еден беше повлечен, а преостанатите два едногласно усвоени.
Комисијата ги проследи трите Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.