Среда, 20 мај 2015 година
Дваесет и четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 24. седница, како матично работно тело, во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.
На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Комисијата го проследи Предлог-законот на натамошна постапка во Собранието.