Вторник, 5 мај 2015 година
Дваесет и прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 21. седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство.
На седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше државниот секретар, Бесир Јашари од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Државниот секретар Јашари ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.
Во дискусијата по Предлог на законот учествуваа пратениците Ѓорѓи Коџабашиев и Олга Најденовска.
На крајот од расправата, Комисијата едногласно оцени дека Предлог на законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.