Неформални групи

Понеделник, 22 февруари 2016 година

Јавна расправа на Комисијата за здравство

Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, на 18 февруари 2016 година, одржа јавна расправа на тема: „Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за Центар за извонредност за трансплантациона медицина и хируршки болести“. 

Со седницата раководеше претседателот на Комисијата за здравство, г-ѓа Јагода Шахпаска, која истакна дека излагањата на јавната расправа треба да бидат квалитетна основа во  подобрувањето на законските решенија на Законот.

На Јавната расправа беа поканети и активно учество зедоа претставници од Министерството за здравство, Лекарската комора на Македонија, Универзитетските клиники за нефрологија, ТОАРИЛУЦ, дигестивна хирургија, урологија, гастроентерохепатологија, торакална и васкуларна хирургија, хематологија, ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ - Скопје, Институтот за имунобиологија и хумана генетика, Институтот за трансфузиона медицина, Македонското лекарско друштво, Здружението за правата на пациентите, Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ и други здруженија и организации кои ја третираат оваа проблематика.  

Воведничари на јавната расправа беа: претседателот на Комисијата за здравство Јагода Шахпаска, проф.д-р Борче Ѓеорѓиевски од Клиника за хематологија, проф.д-р Сашо Дохчев од Клиника за урологија и проф.д-р Гоце Спасовски од Клиника за нефрологија. 

Од Министерството за здравство како предлагач на законот излагање имаше г-ѓа Тања Васиќ-Бозаџиева, државен советник во Министерството за здравство. 

Во натамошната дискусија учествуваа еминентни професори, доктори инволвирани во процесот на трансплантација, секој во свој домен со свои видувања, како што се: проф.д-р Кочо Чакалароски, проф.д-р Александар Карагозов, проф.д-р Сашо Стојчев, проф.д-р Гордана Петрушевска, проф д-р Александар Шиколе, проф.д-р Кочо Димитриоски и други.

Click