Петок, 15 јануари 2016 година
Педесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешното прво продолжение од 51. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, ги разгледа:
- Предлог-законот за утврдување на цени на воднитe услуги;
- Предлог-законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија.
На седницата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа заменик-министрите за животна средина и просторно планирање и за транспорт и врски, г. Стево Темелковски и г. Ниметула Хаљими.
Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не беа поднесени амандмани по двата Предлог-закони.
Врз основа на член 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата поднесе и усвои пет амандмани по Предлогот на законот за утврдување на цените на водните услуги.
Во дискусијата по Предлогот на законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, учествуваа пратеникот Томислав Тунтев, како и заменик-министерот Хаљими, кој информира дека датумот за донесување на предложените законски одредби се одложува затоа што јавното претпријатие кое стопанисува со објектите е во фаза на стечај.
- Комисијата за транспорт, врски и екологија ги проследи двата Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.