Четврток, 13 октомври 2016 година
Седумдесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 76. седница, како матично работно тело по скратена постапка ги разгледа:
- Предлогот на законот за изменување на Законот за поштенските услуги;
- Предлогот на законот за изменување на Законот за градежно земјиште.
На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше министерот за транспорт и врски, г. Владо Мисајловски.
Претседателот на Комисијата, г. Реџаил Исмаили ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на горенаведените Предлог-закони.
Комисијата, Предлог-законите ги проследи на натамошна постапка во Собранието.