Сабота, 1 октомври 2016 година
Обраќање на потпретседателот Рената Дескоска на 2. сесија: Развојот на демократските институции и човековите права во Југоисточна Европа - улогата на ОБСЕ
ОБСЕ е регионална организација втемелена на еден сеопфатен пристап кон безбедноста што директно ја поврзува безбедноста со демократските вредности. Политиките за промовирање на демократијата на ОБСЕ се широки и тие се составен дел на безбедносниот дијалог, на соработката и стандардите кои Организацијата има за цел да ги промовира. Преку Хелсиншкиот Договор од 1970-тите и неколку значајни документи од почетокот на 1990-тите години, ОБСЕ има изградено еден широк корпус во човековата димензија, кој ги вклучува сите основни состојки на демократијата, и тоа доброто управување, владеењето на правото, парламентарниот надзор, изборните стандарди и процедури, граѓанското општество, слободата на медиумите и цивилно-воените односи.