Неформални групи

Среда, 24 април 2019 година, Приштина

Делегација од Комисијата за транспорт, врски и екологија во Приштина

Претседателката на Kомисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска и членката на Комисијата, Слаѓана Митовска, денеска, во Приштина, учествуваа на тренинг во рамките на Проектот: „Развој на вештините на пратениците во Југоисточна Европа за теми поврзани со одржливата урбана мобилност“.

На отворањето, свои обраќања имаа Леонора Криезиу, извршна директорка на Приштинскиот институт за политички студии (PIPS); Самир Мемедов, GIZ Отворен регионален фонд за енергетска ефикасност и Мимоза Кусари Лила, пратеничка од Косовскиот парламент.

На тренингот, кој беше во организација на Центарот за истражување и креирање политики, своја презентација одржа д-р Аљаж Плевник, GIZ експерт.

Click