Неформални групи

Четврток, 6 јуни 2019 година

Деветта седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната Деветта седница, разгледа три Годишни извештаи, и тоа:         

  1. Годишен извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2018 година;           
  2. Годишен извештај за работата на Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2018 година;          
  3. Годишен извештај за работата на Комисијата за заштита од дискриминација за 2018 година.

Со седницата претседаваше Фадил Зендели, претседател на Комисијата, а на седницата освен членови и заменик-членови на Комисијата, присуствуваа и пратеници и претставници од Министерството за правда, односно од Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, в.д. директорот - владин агент, Даница Џонова и од Комисијата за заштита од дискриминација, претседателот Александар Даштевски, кои во однос на Извештаите  дадоа свои презентации, образложенија и предлози.

Во расправата учествуваа претседателот на Комисијата Фадил Зендели и пратениците Панчо Минов и Снежана Калеска-Ванчева.

Постојаната  анкетна комисија за заштита  на слободите и правата на граѓанинот со оваа седница покажа дека ефикасно ги извршува своите  надлежности и дека има потреба од интеракција помеѓу Собранието и самостојните органи на кои на овој начин Комисијата им овозможува поголема отчетност.

Click