Неформални групи

Петок, 8 март 2019 година

Јавна расправа по Предлогот на закон за вршење на сметководствени работи

Комисијата за финансирање и буџет, во рамките на вчерашната Четириесет и седма седница, одржа Јавна расправа по Предлогот на закон за вршење на сметководствени работи.

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет во својство на претставник на Владата воведно образложение по Предлогот на закон за вршење на сметководствени работи даде заменикот на министерот за финансии, Ширете Елези.

Jавната расправа ја отвори претседателката на Комисијата, Лилјана Кузмановска. 

На јавната расправа со своја дискусија учествуваа: Јован Златевски, член на Управен одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители, Ромео Костадинов, консултант во Комора на сметководители, Премтим Исени, претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, Драган Митковски, потпретседател во Сојузот на стопански комори, Ленче Папазовска, претставник од Институтот на сметководители и овластени сметководители, Александар Милошевски, заменик претседател во Сојуз на стопански комори, Љутфи Асани, претставник на Институтот на сметководители и овластени сметководители, Ѓорѓи Грковски, претставник од Сојуз на стопански комори, Беким Есати, член на Институтот на сметководители и овластени сметководители, Јане Попоски, претставник на Здружение на сметководители-Кичево, Александра Андреева, овластен сметководител, Сашо Цветановски, овластен сметководител, Вера Рафајловска, претставник на Рафајловски консалтинг, Дарко Дачевски, овластен сметководител, Силвана Марковска, претставник на Здружение на сметководители-Велес, Биљана Киселички, овластен сметководител, Билјана Премуш, овластен сметководител, Симонида Ѓеорѓиевска, овластен сметководител, Трајчо Вучков, овластен сметководител, Бране Попоски, овластен сметководител, Весна Василевска, овластен сметководител, Вулнет Бајрами, овластен сметководител, Васе Коцев, член на Комора ан сметководители и член на Институтот на сметководители и овластени сметководители, Милка Балдовалиева, овластен сметководител и Јован Лековски, овластен сметководител.

Комисијата за финансирање и буџет врз основа на расправата едногласно го усвои следниот Заклучок:

  • Членовите на Комисијата за финансирање и буџет, имајќи ги предвид забелешките и предлозите изнесени на јавната расправа, ќе поднесат амандмани на  Предлогот на закон за вршење на сметководствени работи. Поднесените амандмани ќе бидат во насока на подобрување на текстот на одредбите на Предлогот на закон за вршење на сметководствени работи.
  • Овој заклучок заедно со Извештајот на Комисијата за финансирање и буџет да се достави до Владата и Министерството за финансии. 

Мислењата, предлозите и ставовите кои беа изнесени на Јавната расправа, се содржани во Извештајот на Комисијата за финансирање и буџет. 

Click