Неформални групи

Среда, 13 март 2019 година

Одржана презентација за надлежностите на единиците на локалната самоуправа за унапредување на родовата еднаквост

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието во соработка со Министерството за труд и социјална политика  денеска одржа  работен состанок со локалните комисии за еднакви можности на тема: Закон за еднакви можности на жените и мажите.

Свое обраќање имаа Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Јована Тренчевска, државен секретар на Министерството за труд и социјална политика и Васка Лешоска претставник на ГО Реактор, која го презентираше родовиот индекс на локално ниво.

На работната состанок присуствуваа членовите и замениците членови на Комисијата, локалните комисии за еднакви можности,  претставници на невладините организации од оваа област и меѓународни организации. 

На работниот состанок беше извршена презентација за надлежностите на единиците на локалната самоуправа за унапредување на родовата еднаквост кои се предвидени во Законот за еднакви можности на жените и мажите, а стана збор и за проблемите во функционирањето на комисиите и начините на нивно решавање.

Од  состанокот произлезе препорака до единиците на локална самоуправа да ги формираат комисиите за еднакви можности на жените и мажите во општините каде што уште не се формирани, како и тоа да водат сметка за родовиот баланс во нивниот состав.

Click