Неформални групи

Вторник, 14 мај 2019 година

Одржлива урбана мобилност и планирање на сообраќајот по примерот на Љубљана

Делегација од Собранието на Република Северна Македонија од Комисијата за транспорт, врски и екологија, составена од претседателката на Комисијата, Лилјана Затуроска и членот Мирослав Јовановиќ, од 12 до 15 мај се на студиска посета во Љубљана, Република Словенија.

Студиското патување е во врска со одржливата урбана мобилност и планирање на сообраќајот по примерот на Љубљана, а е наменето за парламентарци од Југоисточна Европа - регион Западен Балкан. Настанот е во организација на ГИЗ Отворен регионален фонд за ЈИЕ - Енергетска ефикасност, во име на Германското федерално министерство за економска соработка и развој.

Во текот на денешниот ден се одржа состанок на тема: „Национална поддршка за планирање на одржлива мобилност“, со Едвард Паулич, член на Националното собрание, претседател на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање и Полона Демшар-Митрович, шеф на тимот за одржлива мобилност. Учество зедоа и Лука Младенович и Јошт Шмајдек, претставници на компанија за јавен превоз во Љубљана.

На студиската посета се разменуваат искуства и практични примери во врска со одржливата урбана мобилност и планирање на сообраќајот по примерот на свовенечката метропола.

Click