Неформални групи

Среда, 13 март 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПРАТЕНИЧКИТЕ ГРУПИ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ПАРЛАМЕНТОТ НА РОМАНИЈА

Во рамки на работната посета по повод ратификацијата на Протоколот на НАТО за членство на Република Северна Македонија, претседателот на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Романија, г. Панчо Минов оствари средба со г. Кристијан Јоан Киртес, претседател на Пријателската група за соработка со Собранието на Република Северна Македонија.

Г. Киртес искажа задоволство од средбата на ниво на Пратенички групи за соработка меѓу двата парламенти и упати честитки за напредокот на Република Северна Македонија во реформскиот процес. Тој особено ги поздрави напорите на пратениците од опозицијата кои гласаа за уставните измени и Преспанскиот договор за надминување на сите пречки за членство на земјата во НАТО и ЕУ, и оцени дека тоа е храбра одлука која ќе придонесе за подобра иднина за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Г. Минов се заблагодари за топлиот прием и подвлече дека соработката на парламентарно ниво е на задоволително ниво, меѓутоа потребно е да се интензивираат билатералните средби и заемните посети на ниво на парламентарните комисии и групите за соработка меѓу двата парламенти.

Двајцата соговорници се согласија дека е потребно зајакнување на соработката на сите нивоа, во сите области од заеднички интерес. 

 

Click