Неформални групи

Понеделник, 13 мај 2019 година

Студиска посета за одржлива урбана мобилност и планирање на сообраќајот по примерот на Љубљана

Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска и членот на Комисијата, Мирослав Јовановиќ, се на студиска посета во Љубљана, Република Словенија, од 12 до 15 мај, во врска со одржливата урбана мобилност и планирање на сообраќајот по примерот на словенечката метропола.

Настанот е наменет за парламентарци од Југоисточна Европа - регион Западен Балкан, во организација на ГИЗ Отворен регионален фонд за ЈИЕ - Енергетска ефикасност, во име на Германското федерално министерство за економска соработка и развој.

Воведно обраќање на отворањето имаа организаторите Ањаж Плевнич и Владимир Бабич, како и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанкович. Исто така, учествуваше и Матик Сопотник од Одделот за транспорт.

Во текот на утрешниот ден предвиден е состанок со Едвард Паулич, член на Националното собрание, претседател на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање и Полона Демшар-Митрович, шеф на тимот за одржлива мобилност, на тема: „Национална поддршка за планирање на одржлива мобилност“. Учество треба да земат и Лука Младенович и Јошт Шмајдек, претставници на компанија за јавен превоз во Љубљана.



Click