Вторник, 5 ноември 2019 година
Тркалезна маса на тема „Промена на изборниот модел од шест во една изборна единица и отворени листи“
Парламентарната иницијативата за една изборна единица денеска организираше Тркалезна маса на тема „Промена на изборниот модел од шест во една изборна единица и отворени листи“, на која беа поканети сите парламентарни парттии и нивните претседатели.
Со настанот претседаваше пратеничката Лилјана Поповска.
Од претседателите на трите партии што преговараат за измена на Изборниот законик СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, на повикот се одзва само Зоран Заев, Претседателот на СДСМ.
По изнесувањето на ставовите и аргументите на членовите на Иницијативата, поддршка и свои потписи дадоа и пратеничките Нола Исмајлоска Старова, Владанка Авировиќ и Емилија Александрова со што вкупниот број на пратеници во Иницијативата се зголеми од 12 на 15 пратеници.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев даде целосна поддршка за една изборна единица и еднаков број жени и мажи на листите, како и за отворени листи за локалните избори.
На крајот Иницијаторите се договорија за следниве активности:
- Да се бара вклучување во преговорите за измена на Изборниот законик;
- Да се промени изборниот модел во една изборна единица за парлламентарните избори;
- Да се промени изборниот модел со отворени листи и еднаков број жени и мажи на нив за локалните избори;
- Да се подготват и поднесат измени на Изборниот законик во Собранието;
- Да не се гласа за Изборниот законик ако не ги содржи бараните измени.