Неформални групи

Четврток, 9 мај 2019 година

Учество на пратеничката Лилјана Кузмановска на регионален семинар во Тирана

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска, од  8 мај до 11 мај 2019 година учествува на регионален семинар на Врховните ревизорски институции и мрежатана парламентарни комисии за финансии, економија и европски интеграции во земјите на Западен Балкан, кој се одржува во Тирана, Република Албанија. 

На семинарот се дискутира за зајакнувањето на соработката помеѓу Врховните ревизорски институции и Парламентите на земјите од Западен Балкан.

Семинарот го организира Светската банка која соработува со Мрежата на парламентарните комисии за економија, финансии и европски интеграции на Западен Балкан, како дел од партнерството на знаење фокусирано на зајакнување на практиките за финансиски надзор во Западен Балкан.

Целта на семинарот е да се разменат искуства за зајакнување на соработката меѓу парламентарните комисии за финансии, економија и европски интеграции и нивните Врховни ревизорски институции.

Се разговара за независноста на Врховните ревизорски институции; разгледувањето на ревизорските извештаи од страна на Собранието и следењето на спроведувањето на препораките дадени во ревизорските извештаи. 

Соработката помеѓу законодавната власт и Врховните ревизорски институции во различни земји се разликува во зависност од моделот на Врховната ревизорска институција, структурата на парламентарните комисии, односот/начинот на известување на Врховната ревизорска институција до законодавната власт и видот на ревизорските извештаи што ги подготвува Врховната ревизорска институција. Зајакнувањето на соработката помеѓу Врховната ревизорска институција и Парламентот носи придобивки за двете институции со тоа што ја подобрува надворешната ревизија и го зајакнува финансискиот надзор и контрола на работата на извршната власт. 

Click